Добивај вести на Viber
Откако Гордана Јанкуловска во гостувањето на подкастот кај Кристијан Ландов конечно го кажа своето мислење за Никола Груевски, сега се огласи токму тој преку Фејсбук, каде ги коментира нејзините изјави.
„НЕПРОЧИТАНА ЛЕКТИРА ЗА “ХРАБРОСТА” И “ЖРТВАТА” НА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА: ЌЕ БЕШЕ МНОГУ ПОХРАБРО ДА КОРИСТЕШЕ АЗИЛ ОДКОЛКУ СО ЛАЖЕЊЕ ДА ГИ МЕСТИ СВОИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЗА ДА СЕ СПАСИ СЕБЕ И ЈАВНО ДА ГИ ОХРАБРУВА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
ИМ ГЛЕДАШЕ ЛИ НИЗ ПРСТИ НА ОНИЕ ШТО И ИЗБЕГАА НА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА?
ОНА КОГА ПОНЕСЕН ОД ЖЕЛБА ЗА ФУНКЦИЈА ЌЕ ЗАБОРАВИШ НА СОПСТВЕНОТО МИНАТО И ПОСТАПКИ
Легитимно е секој да сака да добие некоја државна или партиска функција, и при тоа, особено ако извршувал високи државни функции да има јавни настапи заради сопствена промоција, за да биде забележан и да ги истакне своите идеи, визија, знаења, квалитети и досегашни успеси. Одговарајќи на прашањето дали очекува функција, поранешниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во поткастот на кој се појави, одговори дека не очекува висока функција но ако партијата од неа побарала нешто да и помогне, ќе помогнала.
Во превод, тоа значи “сакам функција”.
И тоа е во ред и е легитимно.
Но, не е легитимно да добиеш функција или некоја привилегија, не е легитимно да сакаш некому да се допаднеш, додвориш, наметнеш или да се препорачаш себеси користејки јавни клевети, навреди и лаги за друг човек, особено ако никогаш во животот на тој човек не си му изразил различно мислење и став, или спротивставување, ако тој ништо лошо не ти направил во животот, напротив секогаш ти бил од помош и со подршка.
Гордана Јанкуловска ја паметам од нејзиното прво вработување кога некаде во 2000 или 2001 година како министер за финансии лично ја интервјуирав за вработување во Министерството за финасии, за потоа во текот на нашата 15-16 годишна речиси непрекината соработка никогаш да не сме имале несогласувања или било какви расправии по било кое прашање.
Со други зборови се додека Јанкуловска гледала некаков интерес од соработката со мене, таа се најдобро говореше за мене насекаде каде ќе стигне.
Таа некое време по вработувањето во секторот за меѓународни финасии во Министерството за финасии премина во мојот кабинет.
Малку пред да заминеме во опозиција, на еден заеднички ручек со амбасадорот на Велика Британија во тоа време, тој ме замоли да му дадам препорака за една стипендија на некој од моите соработници.
Ја препорачав Гордана за стипендија за постдипломски студии на универзитет во Англија, од каде кога се врати, што се поклопи со мојот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, со радост прифати да се вклучи во политиката и во ВМРО-ДПМНЕ, па стана шеф на мојот кабинет, потоа генерален секретар на партијата и министер за внатрешни работи непрекидно речиси цели 9 години, со што беше и со најдолг стаж на таа функција.
По превземањето на водството на МВР, за да нема двојство на висока партиска позиција и МВР како многу чувствителен ресор, по договор помеѓу нас таа се повлече од функцијата генерален секретар, но до крајот остана член на извршниот и централниот комитет на партијата, а како истакнат функционер беше и носител на листа во повеќе избори. И така 15-16 години…
На еден поткаст деновиве Јанкуловска изјавила за мене дека со доаѓањето и добивање политички азил во Унгарија не сум покажал доволно храброст да се соочам со предизвиците и дека сум заминал од земајта со кола како на одмор и тоа не можело да биде без некакво „прогледување низ прсти“ на високи политички структури во тоа време.
Во битката за докажување и себе промоција Јанкуловска кажала и дека не ги читала моите фб објави бидејќи биле како “лектири”. Ама затоа немаше проблем со најголемо внимание во минатото да ги чита, аплаудира и да ги прераскажува сите мои подолги интервјуа, говори, настапи и слично се додека имаше корист и интерес од тоа. Сега се пресметала дека користа за неа е ако каже дека веќе не ги чита, иако ги чита. И да сум и понудил сега таква функција немало да прифати да соработува со мене. Ќе прифати со уште поголем ентузијазам и ќе потскокнува од радост, но никој не нуди функции на луѓе со таков карактер, кога тој ќе се види каков е, а за тоа малку подолу“, напиша тој на Фејсбк.
Другиот дел може да го погледнете во прилог.