Забава, натпревари и Lenovo смартфони и таблети за најдобрите
Незаборавна Pokemon авантура
Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2016 12:50
- Недела, 18 септември, во 18:30 часот, на
градскиот плоштад Македонија
- Забава, натпревари и Lenovo смартфони и
таблети за најдобрите
Најпопуларната игра на сите времиња, PokѐmonGO стана неверојатен феномен со милиони Андроид и iOS корисници и целосно го освои светот на гејмерите.
Недела, 18 септември е празник за сите Pokѐmon ентузијасти. Од 18:30 часот на градскиот плоштад Македонија, Македонски Телеком им овозможува незаборавна авантура во живона сите локални Pokѐmon трагачи и ги поканува на масовна Gym битка.
Настанот е од отворен карактер, а учесниците ќе имаат можност да разменуваат искуства, да се забавуваат со добра музика и игри и да се натпреваруваат за Lenovo смартфони или таблети.
„Сите сме сѐ уште опседнати и фасцинирани од PokѐmonGo чудесијата и јас играв за да можам да им ги пренесам на сите најдобрите трикови и совети како да извлечат најмногу од оваа заразна мобилна игра. Дојдете на плоштадот Македонија во недела, на 18 септември во 18:30 часот и ќе ви раскажам како можете да ги фатите најдобрите, дали ќе се појават ретките примероци и како најлесно и најбрзо да добиете вредни награди. Дојдете со желба за лов, расположение и мобилни телефони со полна батерија“ - изјави Гораст Цветковски, домаќин на настанот.
Ако сте и вие зафатени со Pokѐmon треската, дојдете в недела иучествувајте во Pokѐmon потрагата на најдобрата мобилна мрежа.
Ви посакуваме успешен лов.
За повеќе информации, посетете ја страницата: https://www.facebook.com/events/167157960357041/
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




