НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО
Објавено во: Македонија, Балкан 19 Ноември, 2024 16:23
Бугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел. Во Софија се лути поради оваа одлука.
Новата позиција на Шекеринска во НАТО особено е тема на дискусија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. Одлуката на генералниот секретар Марк Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово, а оттогаш следат и многуте коментари.

„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“, ова е еден од насловите во бугарските медиуми, кој го одразува изненадувањето поради ваквиот исход. Во написите се нагласува дека Габриел, која има истакната политичка кариера како вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесарка, беше меѓу фаворитите за позицијата, особено со оглед на консензусот дека таа треба да припадне на жена од Источна Европа.
Бугарските медиуми укажуваат дека и други имиња, како поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац, биле во трката, но изборот паднал на Шекеринска. Сепак, доминантна е темата за тоа како кандидатот од Северна Македонија доби предност пред Марија Габриел, која важи за една од најпознатите политички фигури во Бугарија.
Одлуката на Руте е објавена утрово, а се истакнува дека Шекеринска, како поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана, ја извршувала функцијата токму во периодот на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО.Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




