НИ ДОАЃААТ НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Ни претстои ладен период
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2025 06:00
Полека територијата на нашата Македонија, особено од вечер (петок кон сабота / 9 кон 10 мај) ќе навлегува во ладен период со потпросечно ниски температури на воздухот за мај. Ќе има нови врнежи од дожд, особено утре навечер и ноќта кон сабота (9 кон 10 мај). Врнежите повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри), објави метеорологот Славчо Попоски.
„Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој значително ќе ги спушти температурите. Дури на високите планини над 1900/ 2000 метри надморска височина можни се и повремени врнежи од снег.
И во Скопскиот регион, особено утре вечер и ноќта кон сабота (9 кон 10 мај) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие викендот позначително ќе опаднат и наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




