22 Ноември, 2024
0.0381

НИ КАЈ ГЕРМАНЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ ЦУТАТ РОЗИ: Доаѓа драстичен пад на платите, луѓето се во огромна паника! Еве ја главната причина за оваа состојба

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Платите во Германија се очекува драстично да се намалат во иднина бидејќи даноците веројатно ќе се зголемат енормно, пишуваат германските медиуми.

Бројките покажуваат јасен тренд – и тоа не е позитивно за сите работници. Експертите гледаат јасен тренд дека вработените наскоро ќе имаат уште помалку нето пари на нивните сметки. Платите треба драстично да се намалат. За ова се виновни постојаното зголемување на даноците.

Со оглед на моменталната ситуација, во која најважните работи во животот поскапеа, платите во Германија треба да се усогласат. И многу индустрии попуштаат под притисокот и им плаќаат на своите работници повеќе пари.

Зголемена е и минималната саатница. А сепак, експертите сега предвидуваат дека платите во Германија драстично ќе се намалат. Тоа се должи на постојано растечките трошоци, поради што нетото останува помало од бруто.

Намалување на платите

Причината за намалувањето на платите не се само даноците во Германија. Друг важен фактор се придонесите за социјално осигурување, кои всушност секоја година се зголемуваат.

Во иднина се очекува работите да станат уште полоши. Здружението ПКВ пресмета дека просечниот придонес за долгорочно осигурување може да се зголеми од 3,4 на 6,2 отсто.

Доколку работниците во моментов плаќаат околу 14,6 отсто од придонесите за здравствено осигурување, експертите велат дека процентот може да се искачи на повеќе од 18 отсто. Од покачувањето веројатно нема да биде поштеден ниту придонесот за пензиско осигурување.

Се предвидува дека ќе порасне до 22,3 проценти до 2035 година. ПКВ во иднина очекува даноци од над 50 проценти. Тоа би значело големо намалување на нето заработката, пишува Fenix.magazin.

Предупредување

Овој развој на настаните е загрижувачки, поради што директорот на ПКВ, Флоријан Ројтер, ги предупредува политичарите.

Наместо да ги оптоваруваме луѓето со „зголемени даноци за состав кој е многу нестабилен, би било подобро да им дозволиме да инвестираат во одржливо, генерациски соодветно и сигурно осигурување“, вели Ројтер.

Сегашниот пат или ќе ги принуди луѓето да емигрираат или ќе ги мотивира да работат на црно. Засега тоа е само прогноза, бидејќи засега никој не знае како идната влада ќе се справи со овој проблем.

Но, зголемувањето на даноците во последните години не може да се игнорира. Бројките зборуваат сами за себе, пишуваат германските медиуми.

Курир.рс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria