НИ ПРЕТСТОИ ВРЕМЕНСКА АНОМАЛИЈА: Температурен шок до 25 степени
Објавено во: Македонија 05 Март, 2025 07:00
Во следните десеттина дена територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја секако и нашата Република Македонија, ќе ја зафати временска анималија. Што значи тоа? Температурите ќе бидат невообичаено високи за почетокот на месец март, и тие ќе бидат повисоки за 6 до 8, а во делови од Балканот дури и за повеќе од 10 степени. Ова особено негативно се очекува да се одрази врз метеопатите, и тоа гледано врз здравствената состојба, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Температурите ќе бидат навистина пролетно високи, па на повеќе места ќе се искачуваат и над 15 степени, па дури и до околу 20 степени. Во делови од Балканот максимумот на температурата во следните 6 до 10 денови ќе се искачува до дури околу 25 степени.
И понатаму ќе имаме стабилно и суво време, и ќе имаме многу сушен период, што значи дека во нашиот дел од Европскиот Континент ќе недостасуваат врнежите. За време на овој период, пораст ќе бележат и минималните утрински температури на воздухот.
Кај нас во Македонија во следните денови ќе имаме температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




