НИ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Трошоците за живот скокнале во однос на лани
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021
Повеќе пари ни требаат за да го истуркаме месецот. Трошоците за живот пораснале во однос на минатата година.
Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти. Oвие податоци ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
„Пораст на трошоците на животот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, кај џемот, кај медот, кај чоколадата и кај кондиторските производи за 0,6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 проценти, маслото и маснотиите за 0,4 проценти, жестоките пијалаци за 0,3 проценти“, информираат од ДЗС.
Во јануари, раст на трошоците на живот има и кај електричните апарати за лична хигиена за 4 проценти, гасот за домаќинствата за 3,6 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2 процента, мебелот и покуќнината за 1,6 проценти, велосипедите за 1,4 проценти, итн.
„Намалување на индексите на трошоците на живот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук за 6,5 проценти, свежото и разладено овошје за 1,6 проценти, виното за 0,5 проценти, месото за 0,4 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0,3 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти“, стои во соопштението на ДЗС.
Забележано е намалување на индексите на трошоци на живот и кај домашните миленици и сродните производи за 2,7 проценти, течните горива за домаќинства за 1,9 проценти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,3 проценти, итн.
Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари.
Од друга страна, минималната синдикална кошница за ноември чинела 33.742,1 денар.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.