29 Март, 2024
0.0269

НИ ЗА МИР ВО КУЌА СПАСОВСКИ НЕ ОТСТАПУВА - Мизрахи треба да се разреши, нека си предложат друг технички министер

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски не размислува да го повлече решението за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи, за нејзиниот настап со таблата, со цел да се избегне политичка криза.

Тој не може да премине преку тоа што таа, како што рече, не го почитувала Уставот.

„Нема нешто во државата поважно од тоа да се почитува Уставот и законите. Јас можам да правам компромис и да разговарам за политички теми, и за нив да бараме решение, ама да барам компромис за почитување на Устав и на закон и посебно на министер кој даде свечена изјава пред Собранието дека ќе го почитува Уставот, тоа нема да се случи“, рече Спасовски. 

На прашањето ако министерката Мизрахи се разреши, како ќе се реши проблемот, бидејќи мора да има друг технички министер, тој рече дека тоа може да биде било кој пратеник од опозицијата кој гласал за протоколот за НАТО.

„Немам јас дадено ново решение кој да биде, тоа останува на опозицијата. Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат кој го почитува Уставот и законите, на пример еден од пратениците кои гласаа гласаа за Северна Македонија при протоколот за НАТО, еве како можно решение, инаку, одлуката е нивна, кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам“, рече Спасовски.

Прашан дали власта има 80 пратеници кои ќе гласаат за законот за јавно обвинителство и ако нема како ќе ги убедат, но и како коментира тоа што ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да учествува на собраниските седници, рече дека многу е важно за иднината на земјата да се донесе Законот за јавно обвинителство, иако не е услов за европските перспективи, но е добар и позитивен аргумент за пред европските држави. 

„Мислам дека добро се развива целата дебата за законот за јавно обвинителство. Се повеќе се расчистува маглата за тоа кои се поентите и зошто треба да се усвои, очекувам дека ќе биде усвоен од Собранието овој закон. Не знам каква одлука има донесено ВМРО-ДПМНЕ во однос на учеството во работата на Собранието, но тоа е нивна политичка одлука и за неа се носат соодветни политички консеквенци, и тие треба сами да си ги направат тие проценки“, нагласи Спасовски.  

За бомбата на пратеникот Антонио Милошоски тој рече дека за сите случаи каде што има криминално однесување, како и за овој случај, тој сака и го повикува ЈО да носи одлуки и сите да носат одговорност. Важно е институциите да функционираат и да има правна одговорност за сите што го прекршиле законот, без разлика дали е некој функционер или е обичен граѓанин. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница