05 Декември, 2025
0.0304

НИКИЦА МОЈСОСКА-БЛАЖЕВСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ВКЛУЧЕНОСТА НА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА, ИНВЕСТИЦИИТЕ И МОТИВИРАНОСТА НА НАСТАВНИОТ КАДАР СЕ ПРЕДУСЛОВ ЗА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2025 12:36

Добивај вести на Viber

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е д-р Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на „Македонија 2025“, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора, експерт со повеќе од 20 години искуство во креирањето економски политики и институционални реформи и во деловниот менаџмент и лице кое одлично ги познава и јавниот и приватниот сектор. Во фокусот на разговорот се состојбите во образовниот систем и значењето на бизнис-заедницата во образовните процеси.

Професионалната кариера ја започнува во Министерството за финансии, а по завршувањето на докторските студии на Универзитетот „Стафордшир“ во Велика Британија добива раководна функција во Одделот за макроекономска и развојна политика и активно учествува во процесите на преговори со ММФ и со Европската комисија. Во 2009 година преминува во академскиот сектор како универзитетски професор, а подоцна и како декан на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. Во рамките на академскиот развој реализирала и постдокторски студии на Државниот универзитет во Аризона, САД. Зборувајќи за разликите меѓу Универзитетот „Американ колеџ“ и другите високообразовни институции во земјава, д-р Мојсоска-Блажевски го нагласува силното партнерство со бизнис-заедницата – вклучување на бизнис-заедницата во креирањето на студиските програми и на практичната настава и во стекнувањето знаење кое ќе има применливост во праксата и во реалниот живот.

„Кај нас фокусот се става на праксата. Бизнис-заедницата преку Бизнис-советот директно е вклучена во формулирањето и во воведувањето на студиските програми, во организацијата на практичната настава, како и во дефинирањето на магистерските и на докторските тези, со што истражувањата се насочуваат кон реалните потреби, што е основа на западниот модел на образование“, истакнува таа.

Според неа, во споредба со другите универзитети каде што студирала, на многу наши универзитети недостига отвореност спрема програмите, постои отсуство на вклученост на бизнис-заедницата, а минимална поврзаност со економијата, како и претерана теоретска ориентација на наставата, без доволно практични содржини.

Во разговорот посочува дека предуслов за квалитетно образование се поголеми инвестиции во образованието, мотивација и кај наставниот кадар и кај учениците, но и подигнување на угледот и на достоинството на наставничката професија.

Во текот на својата професионална кариера секогаш била поддршка за бизнисот. Нејзината силна врска започнала уште во јавната администрација, работејќи на полето на макроекономската и развојната политика, каде што имала интензивна комуникација со бизнис-заедницата и можност да се запознае со предизвиците со кои се соочувала таа, па затоа смета дека ѝ е потребна поголема поддршка и создавање поволна бизнис-клима.

„Бизнисите се тие кои ја движат економијата, кои ги плаќаат даноците и кои на сите ни овозможуваат придобивки – здравствено и пензиско осигурување“, вели д-р Мојсоска-Блажевски.

Овој ангажман со бизнис-заедницата продолжил и преку нејзиното работење како професор и како декан на факултет, со разбирање и со интегрирање на потребните вештини и компетенции во студиските програми, преку кои се создава стручниот кадар поткован со академски знаења, но и со практични вештини и компетенции. Оваа мисија ја продолжува и денес како главен извршен директор на „Македонија 2025“, преку воведување разни програми и иницијативи што го поддржуваат развојот на македонските компании.

Во поткастот открива и дел од своите лични интереси, меѓу кои и љубовта спрема скијањето, спорт со кој учествувала на две светски првенства. За неа скијањето не е само физичка, туку и вистинска ментална активност.




* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници