Нико Беќароски: Младите ги оставаат старите и тие се трујат со киселини, по тоа сме први
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2023 11:43
Докторот Нико Беќаровски денеска во Студио 10 на ТВ24 вели дека има се почесто труење на старата популација во Македонија, затоа што се оставени без надзор од младите кои заминуваат во странство.
- Слично е и кај нас. Кај нас има се почесто труење кај старата популација, чиишто деца заминале и останале сами. Во моментов на клиниката имаме стари лица кои презеле најрадикални мерки и испиле киселина или „доместос“ и на кои едноставно повеќе не им се живее оти се осамени, а децата им се во странство. Македонија е прва во Европа по труење со киселини. Во светот сме на четврто место, вели директорот на Клиниката за токсикологија.
Според Беќаровски, психијатрите можат да дадат само антидепресив и со тоа не се решава ништо оти тоа се психолошки здрави индивидуи.
- Ние имаме енормен пораст на пациенти со заболена штитна жлезда. Секоја трета жена има антигени кои предизвикуваат болест на штитна жлезда. Имаме и пораст на дијабет поради загадување, лоша храна, стрес. Нам ни треба добра превентивна медицина, вели Беќаровски.
Тој додава дека карциномот на матка е енормно зголемен а се случува и на 18-годишни девојки. Тој сугерира превентивни прегледи кои чинат далеку помалку отколку лекување на тешките и хронични болести кои не морало да се појават или можело рано да се откријат.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




