02 Декември, 2024
0.0351

„НИКОГАШ ПРЕТХОДНО НЕ БЕВ НА ТАКВО МЕСТО...“ Принцот Вилијам се присети на еден детал од животот

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Британскиот престолонаследник принцот Вилијам се потсети како неговата мајка, покојната принцеза Дијана, го однела во засолниште за бездомници кога имал само 11 години, истакнувајќи дека посетата му ги отворила очите. Тој посочил дека овој настан му покажал како живеат другите, и дека на светот има луѓе кои имаат сосема поинаков живот од неговиот.

Во документарецот посветен на неговите напори да се стави крај на бездомништвото, кој ќе се емитува оваа недела, наследникот на британската круна рече дека Дијана, заедно со неговиот помлад брат, принцот Хари, ги запознала со ова прашање, за кое решително се борела да ја подигне свеста, какои за темата СИДА и ментално здравје, пренесува Ројтерс.

- Никогаш порано не сум бил на вакво место и бев малку загрижен што да очекувам. Мајка ми одеше на своите вообичаени активности за сите да се релаксираат и добро да се забавуваат. Таа се шегуваше со сите - рекол принцот од Велс, потсетувајќи се на посетата на хуманитарна организација во Лондон во 1993 година.


Минатиот јуни, принцот Вилијам, најстариот син на кралот Чарлс, го започна петгодишниот проект „Homewards“, за кој рече дека е инспириран од неговата мајка, принцезата Дијана.


Добротворните организации за бездомници велат дека е тешко да се утврди точно колку луѓе живеат на улица, но статистиката објавена овој месец покажува дека во Англија во 2023-2024 година се класифицирани 178.560 лица како бездомници, што е зголемување за 12,3 отсто во однос на претходната година.

Фокусирајќи се на бездомништвото, Вилијам рече дека „очајно се обидува да им помогне на луѓето кои имаат потреба и тоа го гледа како дел од неговата улога“.

Фото: Принтскрин/Твитер

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото