НИКОЈ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“: Дел од нив упатија сочуство до семејствата на жртвите
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2025 12:19
Сите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, на денешното рочиште во судницата во Идризово изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Дел од нив упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.
Најпрво, дека не се чувствува виновен се изјасни сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов.
Директорот на ММММ Кафе, Митко Стојанов, изјави дека искрено жали за починатите луѓе и неизмерната болка.
- Кога би можел, животот би го дал. Не се чувствувам виновен, рече Стојанов.
Општинскиот градежен инспектор, Огњен Георгиев, исто така, изрази сочувство.
- Не се чувствувам виновен и не ми е јасно зошто сум обвинет. Јас сум пензионер, моето дело е застарено. На моите две испитувања во предистражната постапка е докажано дека немам вина. Најверојатно сум обвинет само за да се пополни бројот. Сакам судот да го земе предвид излагањето на мојот адвокат и да донесе одлука за моето ослободување, посочи Георгиев.
Поранешниот градоначалник Љупчо Папазов нагласи дека го разбира обвинението, но не и мотивите на обвинителите.
- Го разбирам обвинението, но не ги разбирам мотивите на обвинителството да бидам сместен во вака конструирано обвинение. Не може да се избегне впечатокот за селективност во водењето на истрагата и понатамошната постапка, рече Папазов.
Директорот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Јане Јанчевски, изрази сочувство и порача: „Се надевам дека сме тука да ја побараме правдата, а не да се осудуваме предвреме. Не се чувствувам виновен, го разбирам обвинението.“
И обезбедувачот Ивица Грозданов рече дека не се чувствува виновен.
- Бев затекнат во објектот, три ипол часа помагав и мислам дека не треба да бидам обвинет, рече тој.
Обезбедувачот Мартин Георгиев, исто така, изрази сочувство, но не се чувствува виновен.
- Не се чувствувам виновен за делата кои ми се ставаат на товар. Ние како обезбедувачи го жртвувавме својот живот за да спасиме што повеќе луѓе, нагласи Георгиев.
Обезбедувачот Стојанчо Димитриев не призна вина и изрази сочуство.
- Не се чувствувам виновен, чувствувам огромна тага бидејќи меѓу жртвите имам голем број другари. Направив се што можев, помогнав колку што можев, криво ми е што не успеав да спасам повеќе животи ризикувајќи го својот живот, рече Димитров.
Поранешниот директорот на ДЗС, Шабан Салиу, оцени дека „обвинението е политички мотивирано и правно неосновано“ и изјави дека не се чувствува виновен.
Поранешниот функционер во Министерството за економија, Зоран Николовски, нагласи: „Ни во сон не сум мислел нешто вакво. 13 години веќе не работам во министерството и не се чувствувам виновен за овој настан.“
Пазарниот инспектор Весна Кузмановска упати сочуство кон родителите, додавајќи: „меѓу нив има школски другари на моите деца. Не се чувствувам виновна бидејќи сум ги извршувала своите работни задачи одговорно.“
Останатите обвинети кои не признаа вина се менаџерот и син на сопственикот Михаил Јованов, сопственикот на објектот Гроздан Милковски, проектантот во „Венци проект“ Милка Ендровска која упати сочуство, братот на сопственикот Тодор Јованов кој исто така изрази сочуство, општинските градежни инспектори Љупчо Стаменов и Николчо Коцев, поранешните градоначалници Ратко Димитровски и Николчо Илиев, обезбедувачот Лазар Захариев, директорите на ДЗС Аднан Џаферовски, Беким Максути, и Џевад Селами. Генералниот инспектор во ДЗС Љупчо Грнчиштанов, поранешниот министер Ваљон Сараќини, поранешниот министер Крешник Бектеши, претставниците од Министерството за економија Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Беким Хаџиу и Арлинда Касапи, пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова и Емил Митев, Размена Чекиќ Дуровиќ од Министерството за економија, сопственикот на „Рубикон“ Александар Нацев кој рече дека го разбира обвинението но не се чувствува виновен, како и претставникот на ММА кој не го прифаќа обвинението, претставникот на „Рубикон Секјурити“ кој не го признава делото и управителот на „Венци проект“ кој истакна дека фирмата не се чувствува виновна и ќе го докаже тоа во судењето.
Судењето кое се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и јавноста продолжи со воведни зборови на одбраната.
Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
На обвинителна клупа седнаа 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.
Јавноста може да го следи процесот во живо преку МИА Youtube* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





