Никола Димитров: Премногу зачести употребата на „северномакедонци“
Објавено во: Македонија 06 Август, 2022 20:46
Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, се огласи преку социјалните мрежи за користењето на терминот „северномакедонци“ и изрази загриженост дека овој термин премногу често започнал да се употребува од странски функционери во последно време.
„Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин „северномакедонци“ од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор. Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови „Северна Македонија“ е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува“, напиша Димитров.
За поранешниот вицепремиер за евроинтеграции тоа претставува навреда за Македонците и прекршување на правилата од Преспанскиот договор. Ги повика институциите поревносно да реагираат кога ќе се употреби овој, како што вели тој, измислен поим.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




