27 Април, 2024
0.0300

Никола Димитров: Во преговорите со ЕУ постојано ќе бидеме под бугарско менгеме

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Според поранешниот министер за надворешни работи, никола Димитров, со прифачањето на францускиот предлог за деблокада на Македонија, еврокомоесарот за проширување Оливер Вархеји ќе ја контролира работата на македонско-бугарската мешовита комисија за историски прашања. 

Тој претпладнево како гостин во студиото на ТВ24 рече дека македонскиот јазик и натаму останува проблем за Бугарија, но најзагрижувачки, според Димитров, е тоа што францускиот предлог како документ го нема никаде во македонските интиутуции.

- Каква демократија се ако нема широка дебата за ова прашање и при тоа Владата сама за ова прашање да одлучува, а документитет ги нема никаде во јавност. Јазикот е споменат на две места. Во преговарачката рамка се вели дека сите документи ќе бидат преведени на „македонски“ и земјата ќе има доволно преведувачи за преговарачката рамка. Споменат е на уште едно место, во отворачката изјава на ЕУ за домашен фолклор, што не ги отвора преговорите. Таму ЕУ нотира дека Бугарија има намера да достави свое разбирање за македонскиоит јазик. Се забележува дека Бугарија има проблем со македонскиот јазик, наведе поранешениот вицепремиер за евроинтеграции.

Димитров сумира дека од Бугарија се бара тие 3.500 Бугари во Македонија да не се малцинство, туку државотворен народ

- Во пристапот е направена утката и во степенот на очај. Прво има тука сеење магла, овде се работи за спор меѓу две страни, а позицијата на Бугарија е позиција на моќна сила, Од арбитражен суд веднаш би загубиле, спорот воопшто не е легитимен, а ние со вклучување на овие прашања во преговарачката рамка правиме балканизација на европскиот процес.

Прво чекаме што ќе кажат земјите членки, па ние да сме се изјаснеле. Така што не е одговорно да немаме дебата во парламентот. Преговарачаката рамка е устав на пристапниот процес. Еднаш ако помине, нема менување, непоправлива е работата. 

Замореноста од 17 години ќе ги натера луѓето да го голтнат и тоа. Блокадите на Бугарија нема да прават нервоза кај земјите членки и проблемот нема да биде повеќе на ЕУ. Топката ќе биде само кај нас. 

Уставот треба да биде отворен до втората меѓувладина конференција и ќе бидеме постојано во едно бугарско менгеме. Ќе бидеме фокусирани на задоволување на барањата на Бугарија, чија што амбиција е исклучително антиевропска затоа што тие не ја прифаќаат реалноста, истакна Димитров.

Тој додава дека понижувачки е францускиот предлог прво да биде објавен од бугарска новинска агенција, а при тоа уште да нема најави од Владата за дебата за толку важно прашање

Според Димитров, односите со Бугарија биле порелаксирани, но ескалирале со постигнувањето на Преспанскиот договор.

- Наративот на Тодор Живков како отпор кон македонскиот идентитет се растрча кога се потпиша Преспанскиот договор. Тие видоа и посакаа таков сеопфатен договор, но македонскиот јазик тогаш се затвори со своето прашање во ОН. Реакцијата на Бугарија е на политичките сили кои живеат на агендата од два века наназад., Они си рекоа дека не смее да помине затворањето на прашањето на македонскиот јазик. Ова прашање се користи во нивната внатрешнополитичка борба, што гледаме дека се користи деновиве, смета дипломатот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“