Николоски: Ќе летувам на одмор во Охрид
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 09:48
Министерот за транспорт Александар Николоски во утринската емисија на Канал 5 рече дека летниот одмор од 5 до 15 август, предвиден за членовите на Владата, ќе го помине во Охрид, местото каде што и самиот живее.
- Тие десетина дена ќе бидам во Охрид со семејството, каде што е веќе сега, а некој викенд, доколку пронајдам простор, ќе го поминам на море, рече Николоски.
Министерот додаде дека оваа година очекува многу повеќе туристички посети на земјата, особено од странските туристи.
- Посетите се зголемени за 20 проценти во однос на минатата година, со поголема поддршка на чартер летови. Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со 200 туристи од Англија, Франција и Германија, а од октомври ќе слетуваат по два. Тоа е чартерот од Манчестер, кажа Николоски.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




