05 Декември, 2025
0.0321

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2025 17:33

Добивај вести на Viber

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го опслужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во висина од речиси 21 милион евра со кои треба да купиме најмалку 5 нови електрични локомотиви. Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е во 2 години, а она што го имаме најава од ЕБОР е дека март месец следната година веќе ќе можеме да го видиме повикот објавен“, истакна од собраниската говорница вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот соопшти уште една новина, а тоа е потпишување на договор помеѓу Железници Транспорт и железници на Австрија, соработка која ќе донесе огромен финансиски бенефит за МЖ Транспорт.

Вели дека наши локомотиви ќе се користат за карго превоз кој што треба да оди од Пиреа, Атина до Виена. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети