19 Декември, 2025
0.1024

Николоски: Македонија ќе биде прва држава во регионот која целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила

Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 16:54

Добивај вести на Viber

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто на ТВ Њузмакс Балкан.

„Тука сме пионери, заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија и после таа студија да се имплементира. Мојата идеја е некаде на почетокот на вториот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе Македонија да е Е-мобилна, односно да има можност за електрични возила буквално на секој агол во државата. Тоа е со цел граѓаните повеќе да не се грижат каде и колку е оддалечена следната станица за полнење, туку на едно пристојно растојание не повеќе од 10 км да има полнач”, рече Николоски.

Во контекст на намалување на аерозагадувањето, вицепремиерот зборуваше и за планот на Владата за набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град, а останатите 40 за општините во државата. Тој појасни дека првичниот тендер е поништен зашто што пријавениот понудувач не ги исполнувал поставените услови во јавниот повик.

„Сега работиме во рамки на министерството, идентификуваме како може да се зголеми конкуренцијата, а од стандардите нема да отстапиме, затоа што многу е лесно да купите дизел автобуси или автобуси кои што загадуваат, нашата цел е да купиме еколошки електрични автобуси кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди“, кажа министерот. 

За брзо време најави дека ќе има детали. 

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот