Николоски: Радарскиот систем на скопскиот аеродром е поправен
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2025 14:10
Вицепремиерот Александар Николоски денеска пред медиумите информираше дека од денес двата канали на радарскиот систем на скопскиот аеродром се во функција. Претходно медиуми информираа дека од неделата е расипан единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ).
- Од утрово радарот е ставен во функција и проблемот е решен, така што од утрово имаме целосно функционален радар на скопскиот аеродром. Проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Проблемот е решен со заедничка координирана работа на Владата , како исоа постојана работа на службите на М-НАВ, информира министерот за транспорт.
Николоски за решението им се заблагодари и на контролата на летање на Бугарија и на владата на Италија
- Сите безбедносни протоколи беа испочитувани, еве гледате - поминаа три дена и најнормално полетуваа и слетуваа авиони од сите авиокомпании. Ниту една авиокомпанија не откажа ниту еден лет, дополни Николоски.
Министерот рече дека радарскиот систем е стар 27 години и за истиот не се произведуваат делови веќе седум години.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




