17 Декември, 2025
0.0510

Николовска: Владата ги премолче информациите дека Субрата Рој е осуден од Врховниот суд во Индија

Објавено во: Економија 31 Јули, 2013 18:53

Добивај вести на Viber

Според Сојуз за иднината сериозна Влада, во најмала рака би го проверила кредибилитетот на партнерот Рој, посебно по заканите дека може да му се заплени имот, ако не го врати долгот.

„Владата ги премолчи информациите на угледната агенција Ројтерс, дека Субрата Рој е осуден од Врховниот суд во Индија да врати 4 ипол милијарди долари на околу 30 милиони Индијци“, изјави Ленче Николовска од Сојуз за иднината.

Сега веста е дека индиското регулаторно тело СЕБИ побарало од Врховниот суд во Индија затвор за Рој и директорите на компаниите „Сахара Индиа Реал Естејт Корп“ и „Сахара Индија хаусинг инвестмент корп“ поради непочитување на судската одлука за враќање на околу 4 милијарди долари на мали акционери во компаниите, по што им е даден последен рок, 6 август. Дали македонската Влада ќе ја игнорира и оваа вест? СДСМ изразува сериозна загриженост за несериозноста на власта околу зделките со очигледно сомнителниот бизнисмен од Индија. „Предупредуваме дека сите штетни последици ќе ги сноси Владата. Апелираме дека тие, за жал, можат да нанесат неповратна штета за македонските граѓани и земјава“, велат од СДСМ.

Имено, уште кон крајот на јули годинава, Врховниот суд им дал рок на компаниите на Субрата Рој до 30 јули да го вратат долгот кон инвеститорите. Како ова ќе се одрази на инвестициите во Македонија се уште не е познато, иако Рој уверуваше дека проблеми нема да има.

Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова  Врховниот суд ја задолжи компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следувало замрзнувањето на сметките.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас