05 Декември, 2025
0.0339

Николовски го праша Хоџа зошто се чека 18 месеци за ИПАРД 3, тој не даде одговор, обвини за неисплатени плати од претходната влада

Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2025 13:28

Добивај вести на Viber

Имаме суспендирана ИПАРД програма во време кога државата нагло се задолжува. Наместо да има одговорност, министерот прво криеше, а денеска го нема и на дебатите на кои требаше да се појави, но го нема ниту во Собранието, каде што е избран и задолжително треба да се појави, рече поранешниот министер за Земјоделство и актуелен пратеник, Љупчо Николовски. 

„Оставката е неминовна дека ќе се случи, особено ова бегање кое се случува. Ниту една држава нема ваква црна дамка. 130 милиони евра денеска се замрзнати. Ова се повеќе од половина од средствата со кои не задолживме од вашата матична Унгарија. Со оваа суспензија се оштетија околу 3.000 нови бизниси кои требаше да бидат отворени и околу 10.000 вработувања кои исто така се цел на оваа европска програма. Луѓето вложија се што имаат - требаше да отворат бизниси, а владата ги остави на цедило со оваа неодговорна и криминална политика. Додека ја криевте суспензијата, се криеше и целосниот застој во ИПАРД 3 програмата“, вели Николовски. 

Тој вели дека за третата програма на ИПАРД се чека 18 месеци иако требало да има одговор за четири месеци.

„Јавниот повик за мерката 3 објавен во 4 месец 2024 година, 18 месеци не е затворен. Оваа мерка за која ви треба 18 месеци, кога бев министер за 4 месеци беше завршена. Предметите се ставани и чувани во фиока. Истото се случува и со мерката седум. Платежната агенција не смее да преземе обврски, но и нема да има нови повици. Нотирано е дека во ИПАРД се потребни антикорупциски мерки, тоа никогаш не се случило. Зошто ИПАРД 3 трае 18 месеци? На што се должи ова доцнење“, праша Николовски. 

Заменик министерот за земјоделство, Албрим Хоџа пак, најави писмен одговор за ИПАРД 3 програмата. Вели дека министерството во текот на овие 15 месеци работело многу. 

„Исплатени се субвенции, односно задоцнети плаќања. Дадовме 2,4 милиони денари субвенции која е најголема субвенција за крави. Имавме други работи за руралните развојни зони, за Факултетот за земјоделство и за Универзитетот од Тетово. Обезбедивме 250 милиони денари за плати за Национални шуми и 100 милиони денари за АД за Водостопанство, за да бидат исплатени закаснетите плати кои не беа исплатени од минатата влада. Веќе е јасно кога вие бевте власт, кога сте го воделе Министерството, сте го запоставиле Министерството“, рече Хоџа. 

Николовски пак, го повика веднаш да отидат во Обвинителството, со обвинување дека зборува за програми за кои не знае ништо. 

„Кажете еден кој не исполнувал услови и добил грант, или обратно. Вас ве боли што сме обезбедиле средства за 4.000 мали бизниси. Вие ги укинавте тие програми. Ги намаливте субвенциите и не се исплаќаат субвенциите. Го укинавте новиот модел, нема да има 30% авансна исплата. ИПАРД програмата ви е блокирана. Катастрофа и хаос е во земјоделството. И затоа министерот мора да поднесе остаква и нема кредибилитет да го води ресорот“, вели Николовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?