16 Јули, 2025
0.0299

Николовски: Со ребалансот се кратат 478 милиони денари за земјоделците

Објавено во: Агробизнис 04 Јули, 2025 13:55

Добивај вести на Viber

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски вели дека со ребалансот кој е во собраниска процедура се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците.

„Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот! Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз. Кратат од субвенции за земјоделците, лозарите, оризопроизводителите, пчеларите, сточарите – за владата да се луксузира со манго и папаја“, вели Николовски.

Според него, власта им го врти грбот на земјоделците во време на драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака. 

„Наместо поддршка, добиваат игнорирање. Наместо интервенција, добиваат кратење. Владата, која ветуваше "грижа за селото", денес го гази токму тој најважен столб на економијата. Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, додаде Николоски.

Ексминистерот за земјоделство кажа дека предложиле повеќе мерки како:  Враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; Зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; Интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; Поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; Мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; Враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне; Итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.

„СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратеше од земјоделците – напротив, интервениравме со дополнителни субвенции, закони и програми. Денес, кога земјоделците повторно се во криза, единствениот одговор на ВМРО-ДПМНЕ е кратење и игнорирање. Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика. СДСМ е на страна на земјоделците и бара поддршка од сите пратеници за овие амандмани“, рече Николовски.


Можеби ќе ве интересира

ИТАЛИЈАНЦИТЕ НА МАКА: Птици им ги уништуваат оризовите полиња

ИТАЛИЈАНЦИТЕ НА МАКА: Птици им ги уништуваат оризовите полиња

Најдобро е на килограм, но и најтешко: Колку се заработува од берење малини и сезонско овошје во Србија?

Најдобро е на килограм, но и најтешко: Колку се заработува од берење малини и сезонско овошје во Србија?