НИКОЛОВСКИ ТВРДИ: АХВ дозволиле да се продава пијалок опасен по здравјето на младите!
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016
Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја обвини агенцијата за храна и ветеринарство дека дозволиле на пазарот во земјава да влезе и да се продава пијалок кој е закана за јавното здравје на граѓаните, а посебно на младите.
Тој побара одговор од директорот на агенцијата Поповски што е преземено по стручното мислење добиено од Институтот за јавно здравје од 12.02.2016 година?
„Како и по кој правилник или одредба од законот преку АХВ е дозволено на пазарот во Македонија да се најде производ алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин?
Дали за оваа пратка од февруари АХВ има донесено решение за повлекување, уништување, ставање вон промет или други мерки?“, запраша Николовски.
Тој го повика Директорот Поповски веднаш да одговори на овие прашања бидејќи како што вели граѓаните мора да ја знаат вистината.
Тој дополнува дека здравјето на граѓаните и на младите е најважно и секогаш треба да биде наш приоритет.