НИШТО ОД ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: Пратениците не дадоа поддршка на предлогот на ЛДП
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2025 16:42
Не помина предлогот на пратеничката Моника Зајкова од ЛДП да се смени изборниот модел, така што Македонија ќе биде една изборна единица и ќе се гласа отворени листа. Предлогот-измените на Изборниот законик, добија поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.
„Не е фер гласовите на околу 30.000 до 40.000 граѓани да одат во вода, само поради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот“, рече Зајкова во образложение на законските измени.
Зајкова кажа дека демократијата ќе се унапреди ако постои можност граѓанинот да го бира директно својот пратеник преку отворени листи.
„Има страв од отворените листи кај оние кои со години ја градат својата моќ на неотчетност, на контролирани листи“, рече Зајкова.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие поддржуваат изборите да се одржуваат во една изборна единица, а во неа да се влеваат и гласовите на дијаспората.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ за предлогот.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




