НИШТО ОД УБАВИОТ ВИКЕНД: Доаѓа голем пад на температурите
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2025 06:00
Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.
Според него и во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
„Инаку, за викендот, исто така од север ќе се спушта значително поладен воздух кој повторно значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) и особено во западните и во северозападните предели, повторно ќе има услови за нови врнежи од снег.
Најнови информации токму околу оваа нова голема метеоролошка промена, очекувајте во следните мои метео објави“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




