Нискотарифните летови на Виз ер ги искористија 15 илјади патници
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2012 11:52
Повеќе од 15 илјади патници ја искористиле можноста за летање кон една од шесте европските дестинации со воведени од крајот на октомври.
Според податоците на Министерството за транспорт и врски, вкупно 15.565 патници ги искористиле нискотарифните летови на Виз eр за Малме, Дортмунд, Ајндховен, Базел, Тулуз, Минхен и Милано кои стартуваа на 28 октомври годинава, со помош на проектот на Владата на Република Македонија за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај кој се имплементира со цел побрз развој на цивилното воздухопловство и формирање на поконкурентни и подостапни цени во воздушниот сообраќај, односно овозможување подостапни цени на летовите за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје.
Најголем број патници на новите дестинации се регистрирани на летовите за и од Малме (Шведска) – вкупно 2.802 патници и Дортмунд (Германија) – 2.665, кон и од Ајндховен (Холандија) се регистрирани 2.643, Базел (Швајцаија) и Тулуз (Франција) – 2.633, Минхен (Германија) – 2.427 и Милано (Италија) – 2.395. Виз ер оперира од скопскиот аеродром од јуни минатата година, почнувајќи со лет кон Лондона, а од септември и Венеција. Вкупно досега има превезено 112.244 патници. По реконструкцијата и модернизацијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје која заврши во септември минатата година со изградба на нова терминална зграда за пречек и испраќање на патниците, бројот на компании кои оперираат на нови дестинации и бројот на патници континуирано бележи раст. Со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај се очекува бројот на патници дополнително да се зголеми. Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје оваа година досега се превезени 830.109 патници што е за 70.181 или 9,2 отсто повеќе од вкупниот број патници кои биле превезени во текот на целата 2011 година.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





