15 Јуни, 2025
0.0331

Нема барања до МОН за настава со физичко присуство ниту од училиштата со малку ученици

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020 07:02

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што Владата донесе одлука да може да се реализира настава со физичко присуство во училиштата со помал број ученици, но само доколку основачот на училиштето поднесе барање до Министерството за образование и наука со образложение за исполнетоста на критериумите, надлежите од ова министерство за Фактор велат дека до овој момент нема пристигнато ниту едно барање од училиштата ширум земјава.  

-Согласно усвоени заклучоци на владина седница, новата учебна 2020/2021 година ќе започне со онлајн-настава, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои ќе можат да посетуваат настава во училница, а воедно и училиштата со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба ќе може да организираат класична настава, откако претходно општините ќе добијат согласности од Владата. До овој момент нема доставени такви барања. Но крајната одлука ќе ја носат родителите на учениците. Тие ќе изберат дали нивните деца ќе посетуваат училиште или пак ќе бидат вклучени во онлајн настава, велат од министерството.

Истовремено од МОН истакнуваат дека планот за организација на новата учебна година е изготвен и е доставен на разгледување и усвојување од страна на Владата, заедно со протоколите за различните модели на настава кои истиот ги предвидува (онлајн настава, настава со физичко присуство и комбинирана настава). Во протоколите е прецизирано како да се постапи со ученици кај кои при влез во училиштето или пак, за време на настава ќе бидат увидени симптоми на вирусот.

-Во моделот - настава со физичко присуство, наставникот ќе биде присутен во училницата и ќе ја предава материјата непосредно пред учениците чии родители одлучиле тие да посетуваат настава со физичко присуство. Доколку во паралелката одредени родители побараат учениците да следат онлајн настава, часот ќе се пренесува во живо за сите нив (ученици кои следат настава од дома), или пак доколку можностите не дозволуваат стриминг во живо, часот ќе се снима и потоа проследи до сите останати ученици преку апликациите кои се користеа и во изминатата учебна година, или ќе му се достават печатени материјали на секој ученик одделно. Исто така, наставникот може да одбере веќе снимен час на соодветната тема поставен на ЕДУИНО, потенцираат од МОН.

Инаку, учебната година ќе започне откако ќе се направат измени во законите за основно и средно образование, за што е потребно да имаме функционално Собрание.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!