23 Ноември, 2024
0.0283

Ниту генерал ниту министер - Ковачки два пати извисен

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Драган Ковачки беше најголемото изненадување во дадените предлози од страна на опозицијата како иден технички министер во МВР, позиција за која се очекуваше да биде лице со подолг стаж во самата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот даден од Христијан Мицкоски засега не е одобрен во разговорите кои се водат со Зоран Заев. Според премиерот во оставка министер за внатрешни работи не може да биде воено лице, односно дека најмалку три години треба да биде цивил пред да стапи на функција во МВР.

Ковачки е полковник во АРМ, и според неговата биографија е црвен кадар кој кариерата ја поминал во специјалните единици на војската, а потоа бил и дел од военото разузнавање.

Интересен е фактот што Ковачки не стигна до чинот генерал. Дел од опозициските медиуми обвинуваа дека Ковачки не добил потпишан указ од страна на претседателот Пендаровски за напредок во кариерата. На негово место друг припадник на АРМ наводно со помалку квалификации бил унапреден од политички причини.

Ковачки беше разрешен од позицијата командант на Првата механизирана бригада од Пендаровски. Претседателот на тој начин ги укина решенијата од претходникот Иванов за кои беше поведена и постапка од Државната комисија за спречување на корупција.

За членот 97 кој упатува на тоа дека воени лица не може да бидат поставени на раководни позиции во органите на државната управа контра аргумент е посочен со актуелниот заменик министер за одбрана кој исто така пред да стапи на функцијата бил офицер во АРМ и претходно дел од единицата Ренџери.

Ковачки инаку бил дел од специјалните единици во одбраната на државата во 2001 година, дипломец од првата генерација на Воената академија, учесник во првата мировна мисија во Ирак, одликуван со највисоки државни и НАТО признанија.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание