ФЕЈСБУК СТАТУС
Нивниот крај е блиску ни преостанува само борба за подобро утре, утре чиј почеток набргу доаѓа
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016
Не ме прашувајте како сум...Не ме прашувајте каде сум. Сите сега знаете што се случи. Знаете кој е мојот татко, знаете што е тој. Знаете со каква партиска боја е обоен. Јас да ве прашам нешто отворено. Сите вие што го читате напишаното, не изговореното. Каков плод сме јас и брат ми? Потекнуваме од семејство на родител подложен на многу малтретирања и опасности. Дали јас на моите 16 години сум должна да ја знам целата ситуација во оваа држава, неправдата околу мене. Зар јас и моите родители, поточно мојот татко сме должни да се молиме секој пат кога тој тргнува на работа тој да се врати дома жив и здрав. Стигнавме до тој степен да се плашиме за неговиот живот. Како рекле одредените високи државници за него: “Oд планина дошол, за да сега биде главен епа не може oд магаре на коњ..”. Премногу е беден фактот што ни вие не сакате да прифатите дека тој човек кој не заслужува да биде качен на коњ, е пообразован од сите вас кои сте на повисока функција од него, а за разлика едвај имате завршено средно образование. Како тој човек можел да спие на студена,валкана постела на работното место Граничниот премин-Гошинце. Ги преколнувам сопирачките на службеното возило, и благодарна сум им на гранките кои го задржале возилото да не падне во провалија. Се сеќавам на денот кога вклучувајќи го телевизорот слушнав за терористите кои ги претепале колегите на татко ми. Имал среќа бидејќи останал на годишен одмор.
Ве прашувам.. Дали и тогаш вредел неговиот живот? Дали некој може да ми даде одговор, кој испраќа цела армија со оружје во дом на четири члено семејство. Нашите срца од челик ли се? И после многу години јас од тој настан ќе имам трауми дека некој повторно ќе влета во нашата куќа, да го одземат од мене мојот единствен татко. Да направат место за да поминат низ многу злосторници, да поминат и да стават уште една невина душа зад ладни sидови и решетки. Во моите уши засекогаш ќе одsвонуваат неговите зборови: Ме водат сега, не знам ни каде, ни зошто.Чувај ја мајка ти! Ти си мојата храбра ќерка. Толку...го почувствував треперењето на неговите гради, таа карпа од човек се сронуваше во моите прегратки. Додека дедо ми и баба ми без здив во нивните гради плачат за своето чедо, со солзи во очите го пишувам ова и никогаш нема да заборави оваа семејство на денот каде цела армија дојде да го приведе најчесниот човек во светот.
На пискотниците и плачот никој не би останал рамнодушен. Сведок е нашата улица од која се слушаше ехото на толпата што дојде да го подржи. А за последен пат ви кажувам.. Во мојот дом од мојот татко баравте игла во сено за да направите криминалец. Утре мене кога ќе ме погледнат, ќе речат:- Девојчето е ќерка на херојот. Се си има свој крај, се си има свое време, живееме во таква држава каде зборот правда не постои но едно знам, така не учеше тато; Нивниот крај е блиску ни преостанува само борба за подобро утре, утре чиј почеток набргу доаѓа.
Фејсбук статус на Анастасија Величковиќ