НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2020
Денеска низ скопските маркети и продавници тешко може да се најде леб, а може да се каже дека речиси станува збор за невозможна мисија. За тоа свеедочат и фотографиите од целосно празни полици каде што стоел овој производ, кои за нашите читатели ги направи редакцијата на Фактор.
Тоа е и сосема очекувано, бидејќи граѓаните кои останаа во Скопје уште од рано утрово поитаа да ги наполнат количките со сите намерници што ќе им бидат потребни за новиот претстоен полициски час, кој ќе трае 80 часа.
Граѓани кои се јавија во нашата редакција сведочат дека секаде упорно бараат леб, особено бел леб од фурна, но пронаоѓањето на овој производ е невозможна мисија.
Она што се уште може да се најде низ некои продажни објекти се неколку видови од трајните тост лебови. Но, во одредени маркети и нив веќе ги нема, како наближува 21 часот, кога ќе настапи долгиот полициски час, кој ќе трае три дена.
Реакции дека нема леб од утрово низ градов можат да се прочитаат и на социјалните мрежи.
А Фактор уште утрово објави фотографии како скопјани од раните часови трпеливо чекаа пред маркетите за да ги обезбедат основните производи кои им се потребни за долгиот карантински викенд.
Голем број од граѓаните заминаа во градовите што се поштедени од овој тридневен карантински викенд.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.