19 Декември, 2025
0.0366

НЛБ Банка: По пристапувањето во СЕПА, достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2025 09:57

Добивај вести на Viber

Откако во мај годинава, НЛБ Банка официјално ја достави апликацијатадо Европскиот платен советза членство во СЕПА (SEPA - Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во земјава која го започна овој значаен процес, интензивно течат подготовките за техничка интеграција со системот.

„На 6 октомври, НЛБ Банка ќе им овозможи на своите клиенти да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери“, велат од Банката.

Истовремено, НЛБ Банка е и првата банка на пазарот која, согласно препораките на Народната банка, го менува тарифникот на меѓународни плаќањапреку СЕПА, со посебен фокус на електронските плаќања, а со цел да се стимулира дигиталната трансформација. Од НЛБ информираат дека целокупната структура на новите провизии за СЕПА плаќања претставува повеќекратно намалување на досегашните провизии за плаќања и приливи во евра, со што Банката прави значаен чекор кон овозможување на достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции за граѓаните и компаниите.

Поконкретно, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со цена од 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Истовремено за компаниите, Банката ќе понуди до седум пати намалени просечни тарифни провизии за плаќањата во СЕПА.

Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија. Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.

„Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на заложбите на Банката за промовирање на користење на безбедни дигитални услуги, како и стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали“, појаснуваат од НЛБ Банка.

СЕПА е иницијатива на Европската Унијашто ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедниплаќања во евра, кон и од земјите членки наСЕПА. Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции (плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА), подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите.

За потсетување, патот кон СЕПАза нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување на апликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука. Со прифаќањето на Република С. Македонија во географската зона на СЕПА на македонските даватели на платежни услуги - банките им се овозможи да аплицираат за учествово СЕПА платежните шеми и оперативно вклучување за извршување на плаќањата во евра со сите земји членки почнувајќи од 6 октомври 2025 година.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка