НЛБ Банка укинува и намалува надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет
Објавено во: Мои пари 04 Август, 2025 11:54
Согласно препораките и сигналите од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и дигиталната трансформација на платниот промет, НЛБ Банка укинува и намалувадел од надоместоците во домашниот и меѓународниот платен промет, со посебен фокус на електронските плаќања.
Новата структура на надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет, пред сè, значи осетно пониски трошоци и заштеди за граѓаните и компаниите. Истовремено претставува уште еден придонес на Банката кон одржливост на економскиот раст, обезбедување на едноставен и прифатлив пристап до платежните услуги и чекор повеќе во справувањето со сивата економија.
Веќе од задутре, значајни ценовни олеснувања во домашниот платен промет
Во домашниот платен промет за плаќања по електронски пат за физички лица преку МИПС, НЛБ Банка го намалува надоместокот на износ од 55 денари, а целосно го укинува надоместокот за плаќањата во рамките на Банката.
Без надоместок, како и досега, останува месечно одржување на платежна сметка со основни функции, како и пакетот за млади од 18 до 25 години за мобилно банкарство кој вклучува: НЛБ мКлик со право на плаќање и дебитна картичка.
Во домашниот платен промет за плаќања по електронски пат за правни лица преку МИПС, НЛБ Банка го намалува надоместокот на износ од 90 денари, додека за плаќањата во рамките на Банката го сведува на 7 денари.
Новите надоместоци во домашниот платен промет стапуваат на важност, веќе од задутре, 6 август.
Побрз, поефикасен и поекономичен меѓународен платен промет
НЛБ е и првата банка која веќе постави нова структура со намалени надоместоци за меѓународни плаќања преку СЕПА. Новите надоместоци за плаќања и приливи во евра во СЕПА, кои стапуваат на важност од 6 октомври годинава, се повеќекратно намалени и за граѓаните и за компаниите. И тука, посебен фокус е ставен на надоместоците кај електронските плаќања, сè со цел да се стимулира дигиталната трансформација.
Поконкретно, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро во денарска противвредност за најниските ранговина износи, односно 5 евра во денарска противвредност за најголемиот број на кредитни трансфери. За приливите продолжува со цена од 0,16 евра во денарска противвредност за најниските рангови на износи, односно 3 евра во денарска противвредност за најголемиот број на приливни транасакции.
Примателите на странски плати и пензии директно преку НЛБ Банка, продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без надоместок.
Истовремено за компаниите, Банката ќе понуди и до седум пати намалени просечни тарифни провизии за плаќањата во СЕПА. Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.
Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на промовирање на користење на брзи и безбедни дигитални услуги, како и во насока на стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали. Сепак, Банката воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги различните навики и потреби на клиентите.
Целокупната структура на новите провизии во домашниот и меѓународниот платен промет претставува повеќекратно намалување на досегашните надоместоци, со што Банката прави значаен чекор кон овозможување на достапни, разумни и одржливи трансакции за граѓаните и компаниите.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





