НЛБ Групацијата овозможи пристап до apple Pay на милиони луѓе во регионот
Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2025 15:47
Вчера НЛБ Банка Скопје ја лансираше услугата Apple Pay со што стана првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможи овој сервис. НЛБ Групацијата истовремено ја лансираше Apple Pay и во своите банки во Босна и Херцеговина и Косово - последните пазари на НЛБ каде што оваа услуга сè уште не беше достапна, овозможувајќи ја Apple Pay за сите НЛБ клиенти во регионот на Југоисточна Европа.
„Ова е значајна пресвртница која го одразува нашиот стремеж кон иновации и длабоката посветеност на НЛБ Групацијата кон регионот на Југоисточна Европа. Ова е повеќе од само технологија, ова е и пристап, вклученост и доверба. Ние го испорачуваме она што е најважно за нашите клиенти - едноставност, безбедност и брзина во секојдневните плаќања.“ – вели во своето видео-обраќање Антонио Аргир, член на Управниот одбор на НЛБ д.д.
Со оваа иницијатива, НЛБ Групацијата уште еднаш покажа дека е повеќе од финансиска институција, односно дека е двигател на промени, партнер кој ги отвора вратите на глобалните иновации за клиентите во регионот. Како што појаснува Аргир, зад овој успех стои долготрајна и стратешка заложба, интензивни преговори и постојано застапување на интересите на клиентите и пазарите пред глобалните технолошки партнери: „Се залагавме, преговаравме и конечно го убедивме Apple да ги отвори овие пазари. Ова е нашата улога, ова е нашето влијание. И додека од овој потег имаат корист сите банки во регионот, токму нашата визија и решителност го овозможија тоа.“ – заклучува Аргир.
Практично, НЛБ Групацијата одигра клучна улога, Apple да ги отвори пазарите на Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што овозможи рамноправен пристап до напредни решенија за плаќање на милиони луѓе во регионот.
Клиентите на НЛБ Банка Скопје кои со нетрпение ја очекуваа Apple Pay веќе од вчера можат да ги дигитализираат своите НЛБ кредитни и дебитни картички на Visa и Master Card и да плаќаат брзо, безбедно и удобно во продавници, преку апликации и онлајн.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




