19 Декември, 2025
0.0419

НЛБ Склади влезе на македонскиот пазар со преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2024 13:18

Добивај вести на Viber

НЛБ Склади, управување со средства, д.о.о. денеска, по добивањето на сите релевантни одобренија, успешно го заврши преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје. Купопродажен договор со компанијата Генерали Инвестментс за купување на мнозинската сопственост на компанијата Генерали инвестментс АД Скопје е потпишан во ноември 2023 година.

„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата, која одржува силно присуство на пазарот. НЛБ БанкаСкопје е трета по големина банка на Групацијата во однос на вкупната актива, заземајќи системски важна позиција со пазарен удел од повеќе од 16% мерено според вкупната актива, и над 20% кај кредитите и депозитите кај населението. Од друга страна, гледаме многу можности за раст, затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна Македонија на крајот на 2022 година, а сега го комплетираме нашето портфолио на производи со услуги за управување со средства“, објасни Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ.

„Во НЛБ Групацијата веруваме во развој на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед, бидејќи пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, од друга страна, пазарот е доволно развиен и приемчив на ваква понуда, затоа гледаме многу можности за раст“, изјави Лука Подлогар, претседател на Управниот одбор на НЛБ Склади. По завршувањето на трансакцијата, на клиентите наскоро ќе им биде понуден проширен опсег на средства, додаде тој. Тој дополнително објасни дека НЛБ Групацијата има намера и во иднина управување со средства да организира под капата на НЛБ Склади.

НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Компанијата ја одржува својата водечка позиција на пазарот долги години и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е компанија на која и веруваат голем број Словенци.

Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 48 милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови (два акциски, еден паричен и еден комбиниран).

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка