27 Ноември, 2024
0.0277

НЛБ Тутунска банка за Фактор: парите на граѓаните во Македонија се сигурни!

Објавено во: Финансии 28 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Штедните влогови на граѓаните се безбедни, нема ниту една причина за загриженост на клиентите, порачува директорската постава на НЛБ Тутунска Банка откако некои локални медиуми објавија информции за нестабилост на банката.

Антонио Аргир, директор во НЛБ Тутунска Банка  за „Фактор“ вели дека банката покажува одлични резултати:

“Ние сме независна банка од банката-мајка во Љубљана. Парите на граѓаните и на фирмите се пласирани во кредити за физички и за правни лица и секако за државни и благајнички записи. Банката покажува одични финансиски резултати. Лани добивката беше реинвестирана, а најверојатно тоа ќе се случи и годинава “ – вели Аргир.

Тој посочува дека депозитната база на НЛБ Тутунска банка во континуитет се зголемува а нефункционалните кредити се на ниско ниво, односно пониско од просекот во банкарскиот сектор.

На прашањето на “Фактор“ дали постои опасност за одлив на капитал во базата во Љубљана, Аргир вели дека парите на граѓаните се целосно заштитени :

“Кај нас законската регулатива е јасна и не дозволува одлив на средства повисоки од 10 отсто од гарантниот капитал. Преку законите, капиталот на банката, односно парите на граѓаните и на фирмите се целосно заштитени“.

Аргир вели дека банката располага со голема ликвидност, односно пари но поради сеуште присутните ризици, кредитната политика и натаму ќе се спроведува претпазливо.

НЛБ Тутунска банка се вбројува во групата на големи банки, која покажува голема профитабилност.

Се огласи и гувернерот на Народната Банка, Димитар Богов кој преку соопштение уверува дека нема никаков проблем со депозитите на НЛБ Тутунска Банка.

“Сакам да нагласам дека сите банки во Македонија се посебни правни лица коишто работат според македонските закони и над кои НБРМ врши супервизија. „НЛБ Тутунска банка“ е најдобрата банка во групацијата на НЛБ, не се потпира на финансирање од матичната банка, ниту може да ги одлее средствата во матичната банка. Депозитите на штедачите пласирани во „НЛБ Тутунска банка“ се пласирани во македонската економија, а не во словенечката. „НЛБ Тутунска банка“ е финансиски целосно самостојна банка. Дури и при позначајни проблеми на НЛБ во Словенија, тоа не би се одразило врз билансот на „НЛБ Тутунска банка“ и таа нормално би ги продолжила своите операции, наведува гувернерот на НБРМ Димитар Богов во соопштението.

До овој момент банката располага со 530 милиони евра – депозитна база што е за 6 отсто повеќе од крајот на 2012 та година.

Некои локалани медиуми пласираа информации за НЛБ Тутунска Банка поврзувајќи ја со кризата во Словенија и најавите дека оваа европска земја ќе биде “Нов Кипар“.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЉУБЉАНА?

Премерката на Словенија, Аленка Братушек, ги негираше пишувањата и прокециите на весникот “Вашингтон Пост“ дека Словенија е “Новиот Кипар“. Братушек изјави дека земјава  ја решава кризата и дека нема да случи “кипарското сценарио“ иако тамошните водечки банки и намаму прикажуваат загуби и зголемување на салдото на нефункционални кредити.

Во меѓувреме, Централата на Нова Љубљанска Банка го финишира планот реконструкција на банката. Портфолиото ќе биде поделено на два дела. Првиот се нарекува стратешки, другиот не-стратешки дел на банката.

Идниот развој ќе се потпира на стратешкиот дел.

Клучен ќе биде оној вториот што треба да го пасорбира она портфолио што ги опфаќа кридитите и инвестициите од кои банката има намера да се откаже – пишуваат медиумите во Љубљана, меѓу кои и словенечки Дневник.

Според планот за реконструкција, кој сеуште се договара на релација Министерство за финансии на Словенија со Брисел, “не-стратешкиот“ дел би бил една форма на “внатрешна банка“ во рамките на НЛБ, која според проценките ќе опфати портфолио од околу 2,2 милијарди евра.

Поставувањето и функционирањето на оваа специјална “единица“ ќе биде под будно око на надлежните институции од Словенија и од Брисел. Поделба на стратешки и не-стратешки дел е дел од планот на кој инсистира Европската Унија.

Овој месец Агенцијата Мудис ја намали долгорочната оценка на бонитетот на Нова Љубљанска банка од “Б2“ на “Цаа2“, со негативните изгледи.Како причини за дополнително намалување на оценката на најголемата словенечка банка, којашто 92% е во сопственост на државата, Мудис ги наведува потребите за нејзина нова докапитализација, за која оваа година, според проценките на управата, ќе бидат потребни 400 милиони евра, како и недостиг на краткорочни перспеткиви за банката повторно да почне да работи со добивка по повеќе години во кои забележува негативен резултат.

Мудис бонитетот на НЛБ минатата година го намали два пати, последниот пат кон крајот на јули. Тогаш оценката на бонитетот на НЛБ ја намали за три нивоа, од Ба2 на Б2. Според анализата на “Мудис“ негативните изгледи се темелат пред се поради високиот удел на лошите кредити кои се дел од кредитното портфолио на банката. Со формирањето на новиот не-стратешки сегмент на НЛБ се очекува да започне и процесот на реконструкција на оваа водечка државна банка во Словенија, која е доминантен сопственик на НЛБ Тутунска Банка во земјава. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите