16 Декември, 2025
0.0565

Нобеловата награда за мир да оди кај Дачиќ, Тачи и Ештон

Објавено во: Балкан 24 Декември, 2013 21:55

Добивај вести на Viber

Премиерите на Косово Хашим Тачи и на Србија Ивица Дачиќ, заедно со високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон да добијат Новелова награда за мир побараа претставниците на српското и албанско лоби во Конгресот на САД. Во писмото упатено до комитетот за Нобелова награда за 2014 година, тие ги номинираат овие личности поради, како што пишуваат, нивната клучна улога во нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина. „Априлскиот договор кој што се постигнат со посредство на Ештон претставува клучна и историска пресвртница за Србија и Косово, како и за турбулентниот регион на Балканот во целина“, стои во писмото до Комитетот. Како што се наведува во образложението и Тачи и Дачиќ, со јасен прекин на минатото и пронаоѓање на патот кон посветла иднина покажале значителна храброст и визија. Конгресмените додаваат и дека тие заслужуваат големо признание поради тоа што презеле  голем ризик за да пронајдат решение. „Договорот исто така покажува дека етничката омраза може да се надмине и дека посветените поединци можат да се договорат доколку покажат добра волја и компромис и да ги решат наизглед нерешливите проблеми“, се додава во писмото.  

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени