17 Декември, 2025
0.1633

Нобеловецот Ел Барадеј: Западот е виновен за исламскиот тероризам

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2015 20:15

Добивај вести на Viber

Добитникот на Нобеловата награда за мир, Мохамед Ел Барадеј смета дека и Западот носи дел од вината за се поголемата закана од исламски терор. Во интервју за виенскиот дневник „Пресе“, некогашниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија Ел Барадеј го критикува Западот дека лошо се однесува кон муслиманите. „Мораме да разбереме зошто тие луѓе не станале Далај Лама, туку атентатори-самоубијци“, вели Ел Барадеј. Според него многу муслимани во држави како Авганистан, Либија, Сирија или Палестина имаат чувтсво дека се понижени. „Тоа не е никаков изговор. Она што се случи во Париз е стравично. Меѓутоа, џихадистите не можат лесно да регутираат од такво окружување. Ако 160 лица од Австрија отидат во џихад тогаш е потребно да се распознаат сигналите. Проблемот станува се поголем“, оценува Ел Барадеј, кој иако директно не ја спомна САД, сепак ја обвини за создавањето на Исламската држава. „Сега сите велат – Боже имаме исламска држава. Ама кој ја создаде Исламската држава. Кој на верата и ја отвори вратата на политиката. Погледнете го Авганистан. Кој ги подржа муџахедините против Русија“, рече Ел Барадеј дополнувајќи дека многу работи можат да се сменат ако на луѓето во Авганистан или Индија им се даде чувство дека се грижиме за нив. Исто така ги критикуваше и двојните аршини во одност кон терористичките напади. „Нападот на 'Шарли Ебдо' беше стравичен, но истовремено радикалната група Боко Харам во Нигерија уби 2.000 лица. Никој не ги спомна тие 2.000 жртви. Кога е збор за напад врз Француси светот полудува, ама кога е убиен 'обичен' Нигериец никој не се грижи за тоа“, потенцираше Ел Барадеј.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“