14 Мај, 2024
0.0241

Нов 7th Gen Intel Core процесор: направен за „immersive“ интернет

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Начинот на кој комуницираме и се поврзуваме едни со други несомнено еволуираше. Тој е изонредно побогат, а видеото е важен медиум кој го користиме за подобрување на нашите разговори. Појавата на 4К ултра висока резолуција, видео од 360 степени и виртуелната реалност драстично ги прошири и продлабочи нашите гледни точки.

Овие трендови за конзумирање или креирање на содржини и начинот на кој комуницираме, се одразува на тоа што ние во Интел го нарекувме  „immersive“ интернет. Најдобар начин да се искористат предностите на т.н. „immersive“интернет е на компјутер со перформанси за креирање на живописни искуства. На луѓето им треба моќ да видат, моќ да креираат и моќ да играат – нешто за кое компјутерот е уникатно дизајниран да го прави.

За овозможување на овие искуства, денес со посебна возбуда ги откривам новите 7th Gen Intel® Core™ процесори. Направени за „immersive“ интернет, оваа генерација на процесори го користи нашето лидерство во перформанси и додава неспоредливи нови способности за мултимедија.

Нашите 7th Gen Intel® Core™ процесори покажуваат напредок кај:

Core i7 badge

Побрзо и пократко време за одзив: Тимовите за инжинеринг и производство на Интел извлекоа уште повеќе од нашата 14нм технологија со тоа што ние го нарекуваме 14нм+. 7th Gen Intel® Core™ испорачува до 12 проценти побрзи перформанси и до 19 проценти побрзи веб перформанси во однос на претходната генерација од пред само една година.

Пристап до премиум 4К UHD содржини: Со новите компјутери напојувани од 7th Gen Intel® Core™, ТВ и филмските фанови ќе имаат пристап до премиум 4К UHD содржини од студијата како Sony Pictures Home Entertainment и провајдерите како FandangoNOW. Ова е само почеток, а со тек на време 4К UHD содржините ќе станат мејнстрим. Ние сме возбудени околу соопштенијата за дополнителни содржини во текот на следните неколку месеци, затоа останете со нас.

Отвора еден свет на кориснички генерирани 4К UHD содржини: Сега луѓето можат да ја видат содржината во 4К UHD од сајтовите како YouTube и да ја гледаат подолго на системите базирани на 7th Gen Intel® Core™ процесори. Но, тие, исто така имаат и моќ да создаваат, уредуваат и споделуваат свои 4К UHD и клипови во 360 степени до 15 пати побрзо во споредба со 5 годишен систем благодарение на подобрувањата кај нашиот медиа енџин.

7th Gen Intel Core die with label

Гејминг во движење: Гејмерите ќе видат трократно подобрување во графиката во споредба со 5 годишниот систем, што значи дека популарните игри како Overwatch™, ќе можат да се играат во секое време и секаде на тенок и лесен лаптоп. Со поддршката за Thunderbolt 3 која доаѓа кај повеќе уреди, гејмерите ќе можат со еден кабел да приклучат екстерна графичка картичка и 4К UHD монитор за врвни гејминг перформанси.

Ги напојува најтенките и најлесните уреди: Само споредете го она што е достапно сега со 5 години стариот компјутер, очигледно е колку далеку сме стигнале. Некои од новите 7th Gen Intel Core компјутери се потенки од телефон, со целосните перформанси очекувани од компјутерот!

Ние сме возбудени поради силното партнерство со нашите произведувачи и клиенти и очекуваме повеќе од 100 различни „2 во 1“ системи и лаптопи напојувани од 7th Gen Intel Core процесорите да бидат достапни почнувајќи од септември до овогодинешната празнична сезона. Ќе споделиме повеќе од фамилијата 7th Gen Intel Core процесори за десктопи и бизнис компјутери на почетокот од следната година.

Да се каже дека сме возбудени за нашата нова 7th Gen Intel Core фамилија на процесори би било потценување. Јас не мислам дека имало подобро време од сега за да се провери што се може да направи компјутер со Интел процесор.

Навин Шеној е потпретседател на Интел и генерален менаџер за Client Computing Group во Интел корпорацијата.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН