19 Декември, 2025
0.0358

Нов брендинг на Халкбанк инспириран од македонската традиција

Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2022 09:59

Добивај вести на Viber

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа на дело својата максима – Важни се луѓето. Бирајќи соодветен корпоративен материјал, банката со посебен пиетет се осврна кон македонската уметност, традиција, археологија. Така се роди идејата за специјален брендинг (сет од хартиената ќеса, календар и тефтер) со мотиви од македонската народна носија од различни краишта, археолошки артефакти, од орото „Тешкото“, од народната песна „Билјана платно белеше“. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Димитар Кондовски.

Корпоративниот сет наменет за деловните партнери, клиентите и пријателите на Халкбанк ја продолжува приказната чија основа е слоганот „Важни се луѓето“, овој пат надграден со многу силна порака за важноста и почитувањето на заедничките вредности и традицијата.

-  Еден од најважните елементи на секое општество е неговата култура и традиција. Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање. Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за  вистинските вредности и важноста за нивната афирмација. Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички културни вредности – стои во пораката на материјалите со кои Халкбанк ги честита престојните празници.

Брендингот е авторски проект на маркетинг агенцијата Ефектива, која со години работи во доменот на зачувување и афирмирање на уметноста, но и на едуцирање и градење публика што ќе ги цени и препознава уметничките вредности.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските, трајни вредности. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики, а во тек е и големата кампања за поддршка на возрасните лица „Да ги слушнеме и гушнеме“,која акцентот го става на меѓугенерациското поврзување во една заедница.

И годинава, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Халкбанк потсетува на клучната порака - Важни се луѓето!

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии