Нов џентлменски гест од „Стопанска банка Скопје“! Што сега им нудат на сопствениците на приоритетни акции?
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2022 07:50
Втор преседан во 30 годишната корпоративна историја. Најголемиот акционер на Стопанска банка Скопје направи гест за длабок наклон. Откако имателите на приоритетни акции го одбија предлогот да им се зголеми дивидендата за пет пати, заслужено или не од банката добија нова понуда. Стопанска банка Скопје ќе нарача и плати независна реномирана компанија да направи сеопфатна анализа и предложи сооднос за конверзија на приоритетни во обични акции. Препораката од анализата нема да биде задолжителна, но ќе биде основа за конверзија...
„Стопанска банка Скопје“ ќе ангажира и ќе плати квалификувана и професионално прифатлива реномирана компанија која врз основа на сеопфатна анализа ќе даде свој предлог за можна конверзија на приоритетните во обични акции на „Стопанска банка Скопје“.
Ова е официјална информација што ја објави „Стопанска банка Скопје“ и со оваа задача големиот акционер на банката ги задолжил органите на управување (т.е. Надзорниот и управниот одбор). Всушност сега органите на управување на банката имаат задолжение да ги превземат сите потребни активности за да се најде реномирана стручна компанија која ќе направи проценка и ќе даде предлог за соодносот при можна конверзија на приоритетните во обични акции на Стопанска банка Скопје.
Овој заклучок следел откако на последното акционерско собрание сопственик на приоритетни акции побарал конверзија на една приоритетна акција за две обични акции. Едноставно кажано тоа значи дека ако лице поседува 100 приоритетни акции во таа банка, да му се даде можност да ги конвертира во 200 обични акции. Основот за таа конверзија, наједноставно кажано, кој го заговараат дел од имателите на приоритетни акции подолго време е во тоа што приоритетната акција има двојно повисока номинална вредност од обичната акција.
Во официјалната информација од Стопанска банка Скопје пишува дека веќе се во постапка на прибирање понуди од реномирани компании кои можат да ја извршат оваа услуга. Исто така е наведено дека откако ќе биде направен тој извештај ќе биде свикано вонредно акционерско собрание на кое ќе биде претставен пред сите акционери.
Воедно пишува дека проценката нема да биде задолжителна за било кој од соптвениците на акции без разлика дали се обични или приоритетни. Но дека проценката ќе биде правична, стручна и објективна основа за соодносот при можна конверзија на приоритетни во обични акции.
Сите детали се достапни на следниот линк SEI Net V2За потсетување, како што веќе пишувавме големиот акционер т.е. грчката банкарска групација НБГ, на последното собрание, им понуди на сопствениците на приоритетни акции фиксна годишна дивиденда од 25 денари за акција наспроти сегашните 5 денари. Мноштвото иматели на приоритетни акции на овој предлог на мнозинскиот сопственик на обични акции одговорија така што не направија кворум за гласање и предлогот пропадна.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




