Нов лав со донација од 50 илјади евра ќе го краси Плоштадот на ВМРО
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2015
Фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци ќе донира 50.000 евра за лав кој е предвидено да биде централната скулптура која ќе го краси плоштадот ВМРО и истиот ќе стои на врвот на столбот од фонтаната
„Град Скопје спроведе постапка, врз основа на што беше избран конкурсен труд од авторот Елена Дуковска, во кој е предвидено на врвот на столбот да постои декоративен елемент - фигура на лав, пренесува Вест.
Како што пренесуав горе споменатиот медиум правниот субјект „Урбан инвест“ ДОО Кавадарци има намера без надомест да го донира декоративниот елемент - фигура на лав, која треба да биде поставена на врвот на столбот, бидејќи претставува симбол на знамето под кое се бореле македонските револуционери за независност и осамостојување на Македонија", се вели во образложението на градоначалникот Коце Трајановски до Советот на Град Скопје, кој вчера ја усвои точката за примање на донацијата. Новиот плоштад ВМРО се наоѓа кај седиштето на владејачката партија и ќе биде со површина од 681 метар. Во средината се гради фонтана, од која ќе се слуша музика. Фонтаната ќе биде од бел мермер, со млазници "фог мистик".
(Извор: Вест)