Добивај вести на Viber
За член на одборот на директори и нов главен извршен директор на Македонски Телеком е предложен австриецот Андреас Маиерхофер . Според објавените податоци на компанијата на берзата, Тило Куш на 15 јануари поднесе оставка од позицијата извршен член на одборот на директори во функција на главен извршен директор.
Според приложената биографија предложениот Маиерхофер , има долгогодишно искуство на повеќе позиции во групацијата Телеком Австрија, поточно нејзините компании во Австрија, Словенија и Бугарија. Во последните 4 години тој бил главен извршен директор на Мобител ЕАД, Бугарија.
По предлог одлуката бордот на директори ќе одлучува на 24 јануари.