Нoв Мериот хотел отворен во главниот град на Македонија
Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2016 12:14
Мериот Хотели, брендот со потпис на Marriott International, го отвори својот прв хотел во Македонија, Skopje Marriott Hotel. Лоциран на плоштадот Македонија, во срцето на деловниот и културен центар на градот, новиот хотел е експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот.
Секоја од 164-те прекрасно поставени гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман, нудат комбинација на традиционална архитектура и модерен дизајн на ентериерот.
Новиот хотел, кој има поглед на реката Вардар, може да се пофали со низа од иновативни содржини и дизајнерски карактеристики, вклучувајќи го големото лоби на Мериот, кое нуди отворена и флексибилна лаунџ просторија, за гостите да се релаксираат, работат или се социјализираат, како и ресторан и два барови, кои овозможуваат фантастична селекција на локални вина и уникатни премиум коктели.
Хотелот нуди одлични простории за бизнис патниците, со флексибилни и стилски простории за состаноци, вклучувајќи седум посебни сали за настани, од кои најголемата има капацитет до 600 луѓе, заедно со мултифункционален простор за отворени дискусии, работилници и приватни состаноци. Executive собите, како и Executive Lounge нудат дополнителен комфор и стил.
Хотелскиот ресторан, Distrikt Bar & Kitchen, го презема спојот на различните култури на градот и најдобрите локални производи ги комбинира со источноевропски и медитерански влијанија. Најдоброто од кулинарските дела вклучуваат свежа риба и Џоспер скара на јаглен, која дава уникатен вкус на селекцијата на стекови од зреено месо во понудата.
Спа центарот на хотелот нуди низа третмани за релаксација, вклучувајќи го заштитниот интензивен третман на лице против стареење, како и пилинг за тело со зелен чај и краставица, користејќи June Jacobs производи, познати по својот микс од природни ботанички состојки и патентирани антиоксиданси.
Платформата на Мериот Meetings Imagined дава нови можности и инспирација за организатори на настани и состаноци, заедно со онлајн сервис кој им овозможува на гостите да се во контакт 24/7 со менаџерите за односи со клиентите.
Шармантниот град со фасцинантна историја Скопје, е лоциран во северниот дел на Македонија, со прекрасната река Вардар која тече низ градот. Хотелот е лоциран до најпознатите градски атракции, вклучувајќи го Камениот мост, неверојатната статуа на Александар Македонски, „Воин на коњ”, како и богат избор на театри, музеи, барови и ресторани.
Мериот Хотелите се трансформираат, со цел да им овозможат на своите гости да патуваат брилијантно. Гостите и ентузијастите за патување може да ја посетат страницата http://travel-brilliantly.marriott.com и да ги искусат безбројните начини на кои Мериот Хотелите продолжуваат да ги исполнуваат сите потреби на денешните патници. Освен мобилното пријавување и одјавување во хотелот, информирање за подготвеноста на собата и мобилните барања, Мериот Хотелите се први кои развиваат систем за отклучување на собите преку мобилен уред, во својот хотел Marriott Waterfront во Балтимор, САД.
За дополнителни информации ве молиме контактирајте не:
Olivia Donnan, Public Relations Manager Europe, Marriott International
За Мериот Хотелите:
Со 500 хотели и ресорти во речиси 60 земји низ светот, Мериот Хотелите го револуционизираат патувањето, преку секој аспект на престојот на гостите, овозможувајќи им на следните генерации да патуваат брилијантно (Travel Brilliantly). Храбро трансформирајќи се за мобилните и глобални патници, кои сакаат да ги спојат работата и забавата, Мериот е лидер во индустријата, преку иновации, вклучувајќи ја Greatroom, како и мобилните сервиси за гостите, кои ги спојуваат стилот и дизајнот со технологијата. Сите Мериот Хотели учествуваат во Мериот програмата за чести патници, која им дозволува на членовите да добиваат поени за престој во хотелите или да добиваат милји за авионски патувања за секој денар потрошен за време на секој престој.
За Marriott International:
Marriott International Inc. е глобална водечка угостителска компанија, со седиште во Бетесда, Мериленд, САД, со 4.500 објекти во 87 земји и територии. Во фискалната година 2015, Marriott International забележуваат приходи од речиси 14 милијарди американски долари. Компанијата менаџира, вклучувајќи преку франшизи и лиценци, 19 брендови. Компанијата исто така ја менаџира наградуваната програма за лојалност Marriott Rewards® и The Ritz-Carlton Rewards® програма, кои заедно имаат повеќе од 56 милиони членови. За повеќе информации или резервации, посетете ја нашата веб страница: www.marriott.com а за најновите вести за компанијата, посетете ја www.marriottnewscenter.com .
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“












