19 Декември, 2025
0.0625

Нов милионер на ДВЛМ во Тетово-добивка 1.326.373 денари

Тетово и минатиов викенд, остана наше среќно место. Најновиот милионер на Државна Видео лотарија е од Тетово. Тој во друштво на своите другари го освои последниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видеолотарија, вреден 1.326.373 денари.

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2016 09:16

Добивај вести на Viber

Најпосакуваната добивка во Македонија е освоена кај деловниот соработник на ДВЛМ, Бет- Про Вил Хил Тетово 4, на 18 септември во 10:32.

Видео лотариските терминали на ДВЛМ во Бет- Про Вил Хил Тетово 4, биле место каде се забавувала група другари. Меѓу нив и нашиот нов среќен добитник. Само тој, од целото друштво, го имал својот среќен ден. Во еден момент,  ги добил сите сигнали кои му откриваат дека токму кај него е посакуваната добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, вредна 1.326.373 денари. Б.Ш во моментот кога ДВЛМ му го исплати чекот со убавата добивка, ни откри дека бил навистина пријатно изненаден. Ова е негова прва добивка воопшто, а ќе биде предизвик да продолжи и понатаму да се забавува на видеолотариските терминали. Нема план како ќе ги троши пари. За почеток, добивката ќе ја прослави во кругот на своите другари со кои и го сподели среќниот миг кога  го освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега покрај 13 Милионер Џек Пот добивки, освоени се и 1700 Мини Џек Пот добивка, тимот на ДВЛМ го очекува и најновиот среќен добитник веќе 4ти во месец септември, а вкупно 13ти од стартувањето на ЏЕК ПОТ  добивките.

Во текот на вчерашниот ден, тимот на ДВЛМ, како општествено одговорна компанија, ја поддржа и акцијата „Спортистите даруваат“. Вработените заедно со шампионот Игор Стефановски Иџе, даруваа крв. 


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка