НОВ НАПАД СО ЧЕКАН ВО РУСИЈА: Ученик повреди соученици
Објавено во: Свет 23 Септември, 2024
Тинејџер повреди тројца ученици во нов напад со чекан во училиште во Русија.
Тринаесетгодишен ученик со чекан и со нож нападнал свои соученици во училиште во Иркутската област во Сибир и повредил тројца ученици, по што самиот си нанел повреди, соопштија локалните руски власти. Ова следи неколку дена по сличен инцидент на Урал.
Инцидентот се случил во училиште во Балаганск, по што наставникот по физичко го совладал ученикот, напиша локалниот министер за образование Максим Парфјонов во објава на Телеграм.
Руските власти почнаа истрага за „обид за убиство на две или повеќе малолетни лица“ и „небрежност“.
Минатиот понеделник ученик нападна две девојчиња, едно момче и еден наставник во училиште во Чељабинск, на Урал.
Мотивите на двајцата напаѓачи во овие два инциденти сѐ уште не се јасни, но според неколку извештаи во руските медиуми, учениците учествувале во интернет игра и планирале самоубиство по нападите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.