НОВ НАПАД ВО КЕЛН: изгоре кафуле среде ноќ - трета експлозија за десет дена
Објавено во: Свет 25 Септември, 2024
Две лица се полесно повредени, откако експлодираше бомба во германскиот град Келн. Полицијата се уште не објавила детали за експлозијата што се случила на улицата Лонгериер во 2 часот и 45 минути по локално време. Ова е трет напад, односно експлозија во градот за само 10 дена, поради што се зголемуваат сомнежите дека во бомбашките напади е вклучена мафија.
Рано утрово, зградата во која се случила експлозијата е евакуирана додека пожарникарите го гаснеле пожарот. Околу еден час подоцна, околу 4 часот, 25 станари можеа да се вратат во своите станови.
Две лица се полесно повредени, пишува Билд.
На терен се голем број полицајци и пожарникари. Засега не е позната позадината на експлозијата, ниту дали е поврзана со претходните две кои одекнаа во Келн минатата недела.
Од крајот на јуни има шест бомбашки напади во Келн. Медиумите пишуваат дека има сомнеж оти зад овие напади стои таканаречената Мокро мафија, но полицијата се уште официјално не го потврдила тоа.
Само во последните 10 дена, три експлозии го потресоа Келн.
Минатиот понеделник во 5:48 часот дошло до детонација до дискотеката „Венити“. Потоа на неколку стотини метри во Еренштрасе се случи следната експлозија - повторно околу пет часот наутро.
Според информациите добиени од станарите, прво се слушнала експлозија, а потоа зградата претрпела голема штета поради пожар кој избувнал во кафулето, чии стакла биле искршени.
Und das ist normal?#Explosion #Köln #Cafe
— direktdemokratisch.jetzt (@ddemokratisch1) September 25, 2024
Quelle: https://t.co/Wyc9Er7qUl pic.twitter.com/b8wIgH2Dtg
Во слична експлозија што се случи во Келн на 16 септември, беше повредена чистачка.
На видеото од безбедносните камери на зградата се гледа како едно лице остава торба и кутија на влезот од зградата и си заминува.
Полицијата која го истражи настанот започнала потрага по осомничениот чии фотографии се објавени и побарала помош од граѓаните.
На 18 септември едно лице е полесно повредено во експлозија што се случила пред продавница за облека во Келн.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.