16 Декември, 2025
0.0350

Нов проблем меѓу Меркел и Обама: Германски шпион продавал тајни податоци на ЦИА?

Објавено во: Свет 07 Јули, 2014 11:20

Добивај вести на Viber

Довербата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама се чини дека е во опасност повторно да биде разнишана. Германските тајни служби откриле дека вработен во Сојузната разузнавачка служба (БНД) продавал строго доверливи документи на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Според податоците до кои дошле тајните служби, 31-годишниот германски разузнавач стапил во контакт со американски дипломати и им понудил соработка. Зделката била склучена на неутрален терен, во Салцбург, Австрија. Тој на Американците им доставил околу 200 документи, за што добил околу 25.000 евра. Меѓутоа, двојниот агент станал алчен - не бил задоволен од заработувачката, па се обратил за соработка и кај рускиот конзулат во Минхен. Осомничениот е приведен, а при претрес во неговата куќа, наводно биле пронајдени доволно докази за шпионажа. Дипломатските односи меѓу САД и Германија беа сериозно разнишани минатата година кога податоците на Едвард Сноуден покажаа дека американската Национална агенција за безбедност (НСА) го прислушкувала телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“