НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ПРЕТПЛАТНИЦИ - новите пакети на Нетфликс дадоа резултати

Објавено во: Економија, Свет 19 Јули, 2024 20:19
Американската компанија за видео стриминг и продукција Нетфликс објави дека бројот на нејзини претплатници во вториот квартал од 2024 година се зголемил за 16,5 отсто на 278 милиони.
Во вториот квартал од 2024 година, Нетфликс забележа квартален приход од 9,56 милијарди долари и добивка од 2,15 милијарди долари или 4,88 долари по акција, пренесува CNBC.
На овој начин, компанијата ги надмина очекувањата на Вол Стрит, кој очекуваше приходите на Нетфликс да бидат 9,53 милијарди долари, а заработката по акција од 4,74 долари.
Според извештаите, приходите на Нетфликс во вториот квартал на 2024 година се зголемиле за 17 отсто на годишно ниво, пред се поради зголемувањето на приходите од платени членства. Според компанијата, за тоа придонесе стримингот на нивната најпопуларна содржина оваа година - мини-серијата „Baby Reindeer“ и третата сезона на серијата „Brigerton“.
На крилата на добрите квартални резултати, Нетфликс, исто така, ја зголеми својата перспектива за 2024 година и сега верува дека неговите приходи ќе пораснат за 14 до 15 проценти на годишно ниво оваа година, додека претходно очекуваше раст од 13 до 14 проценти.
Минатиот квартал, компанијата ги предупреди инвеститорите дека ќе престане да известува за квартални бројки за претплатници од 2025 година, бидејќи сака да се фокусира на бројките за приходите и оперативната маржа.
Можеби ќе ве интересира
„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените
СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни
„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите
НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра
