18 Декември, 2025
0.0343

НОВА ШПИОНСКА АФЕРА: Некој ги прислушувал и Американците!

Објавено во: Свет 03 Август, 2014 14:10

Добивај вести на Viber

Израел ги прислушувал телефонските разговори меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и палестинските претставници минатата година, пишува германскиот неделник Дер Шпигел, повикувајќи се на извори во тајните служби. Шефот на американската дипломатија во тие преговори кои пропаднаа конечно во април, разговарал со повеќемина блискоисточни претставници и притоа, според разузнавачките извори, користел сигурни линии, но и обични сателитски телефони кои лесно се прислушуваат. Овие разговори ги следеле израелските тајни служби, како и службите на уште најмалку една земја, наведува Шпигел. Споредц неделникот, „Израел подоцна ги користел вака добиените информации во ппреговорите“. Информацијата не сакале да ја коментираат ниту американски претставници, ниту израелската влада. Кери, кој како приоритет на својот мандат го постави мирното решавање на блискоисточното прашање, успеа кон средината на 2013 година да ги седне на преговарачка маса израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Но, во април годинава Израел неочекувано најави изградба на голем број нови израелски населби и одбил да ја ослободи, како што беше договорено, последната група палестински затвореници. Абас, пак побара Палестина да стане членка на некои од конвенциите на ОН, по што преговорите пропаднаа. Кери залудно се обидуваше да ги обнови преговорите со цел да се избегне сегашната воена офанзива.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“