Добивај вести на Viber
Уште еден 24-часовен генерален штрајк почнува денеска во Грција, против острите мерки за штедење на повик на двата најголеми грчки синдикати на јавниот и приватниот сектор. Штрајкови ќе се одржуваат во јавните служби, болниците, банките, училиштата, аеродромите, пристаништата, општинските служби.
Повторно воведување на закон за труд и колективни договори за работа, запирање на плаќањето на данок на имот, носење мерки за намалување на невработеноста и запирање на приватизацијата на јавните агенции и фирми бараат синдикатите.
Штрајкот се одржува еден ден откако членовите на „тројката“, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фодн, во Атина започнаа нова рунда преговори со членовите на грчката влада.