НОВ СЛУЧАЈ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА - по Германија, вирусот е откриен и во Норвешка
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2024
Во главниот град на Норвешка, Осло, утврдени се два случаи во кои пациентите заболеле со мајмунски сипаниции. Докторите кај двајца пациенти дијагностицирале вирус на мајмунска сипаница, варијанта „клад 2“, објавија денеска градските власти во Осло, а пренесуваат локалните медиуми.
Варијантата клад 2 е поблага форма на мајмунска сипаница од сојот клад 1б што неодамна предизвика глобална загриженост. Во моментов се истражува дали има некаква поврзаност меѓу двата случаи на заразени пациенти во Осло.
Претходно денеска пристигна вест дека вирусот на мајмунска сипаница е откриен и кај пациент во Германија, а информацијата беше потврдена од Институтот „Роберт Кох“.
Станува збор за прв случај на зараза со нова варијанта на мајмунска сипаница, а како што беше соопштено денеска во Берлин, едно лице се заразило во странство и дијагнозата била поставена минатиот петок.
Како што додаваат од ИВЗ, во Германија сè уште нема зголемен ризик од ширење на инфекции.
Мајмунските сипаници се нарекуваат така затоа што првпат биле откриени кај мајмуните. Вирусот е поврзан со класичниот вирус на сипаници. Симптомите вклучуваат треска, главоболка и болки во мускулите, отечени лимфни јазли и осип кој обично започнува на лицето и се шири на телото.
Пред само неколку недели, СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници за да се забрза дистрибуцијата на вакцината, особено во Африка.
Пред неколку недели вирологот Клаус Стор изјави дека нема потреба од паника.
- Не треба да очекуваме да се прошири во Германија. Сè додека преносот функционира само преку контакт со кожа, болеста е релативно лесно да се контролира во оваа земја. Дури и ако заразено лице влезе во земјата, можете брзо да го изолирате и да го спречите нивното ширење - откри Стор.
Во погодените области, треба често да ги миете рацете и да избегнувате контакт со животни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.